Земјиштето на ЗК Џумајлија оди на тендер

Bez autora
Jul 18 2012

Тој напомена дека земјиштето на ЗК Џумајлијаа, кое беше одземено со нејзиното одење во стечај, државата повторно го дава на конкурс. Груевски вели дека се бараат инвеститори, а се очекува јавниот оглас или повик да биде објавен денеска или утре. Груевски појасни дека е овозможено да се конкурира за целината, но оставена е и можност во првата фаза тоа да биде и на четири различни дела, односно четири компании да земат по еден дел. Во првата фаза е доставување елаборати и бизнис план од страна на заинтересираните компании, а зависно од тоа какви ќе бидат понудите, во втората фаза на наддавање ќе се оди со конкретни услови во кои ќе се наведе дали ќе се дава под концесија како целина или на четири делови.

Земјиштето на ЗК Џумајлија оди на тендерТој напомена дека земјиштето на ЗК Џумајлијаа, кое беше одземено со нејзиното одење во стечај, државата повторно го дава на конкурс.

Груевски вели дека се бараат инвеститори, а се очекува јавниот оглас или повик да биде објавен денеска или утре. Груевски појасни дека е овозможено да се конкурира за целината, но оставена е и можност во првата фаза тоа да биде и на четири различни дела, односно четири компании да земат по еден дел. Во првата фаза е доставување елаборати и бизнис план од страна на заинтересираните компании, а зависно од тоа какви ќе бидат понудите, во втората фаза на наддавање ќе се оди со конкретни услови во кои ќе се наведе дали ќе се дава под концесија како целина или на четири делови.

Се работи за околу 5.500 хектари плодно земјиште, односно за една од поголемите парцели и досега Владата, како што рече, практично нема објавено поголема парцела од оваа.

- Веруваме дека овој проект ќе донесе поголем број вработувања во земјата, знаење, нова механизација и многу зголемен извоз, како и нови начини на одгледување на културите. Од досега одржаните разговори со компаниите, можам да кажам дека има интерес од поголем број домашни компании, но уште поголем број и на странски компании - рече Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik